linija
 

Broadband - Продукти за широкопојасен интернет

 
DrayTek Vigor 120 ADSL2+ modem  

Можности:

  • Целосна ADSL/ADSL2/ADSL2+ компатибилност
  • Едноставна инсталација и конфигурација
  • Вградена Firewall функција
  • Компактен дизајн погоден за домашни и бизнис корисници
  • Интерфејси:

  • 1 x ADSL RJ11
  • 1 x RJ45 LAN


  • Можности за апликација:


    Технички карактеристики (ПДФ)
     
    DrayTek Vigor 2110 Broadband router  

    Можности:

  • До 70 mbit/sec брзина на пренос
  • Вграден 4 портен свич
  • Вградена Firewall функција со контрола на пристап
  • УСБ порта за принтер / диск / 3Г модем
  • ВПН можности (2 ВПН тунели)
  • Бежична мрежа draft 802.11n (модел 2110n)
  • Интернет телефонија (SIP) (модел 2110V)
  • TR-069 систем за менаџмент за ISP
  • Интерфејси:

  • 4 x 10/100 RJ45 LAN
  • 1 x 10/100 RJ45 WAN
  • 1 x RJ11 Line
  • 2 x RJ11 Phone (FHS)
  • 1 x USB


  • Можности за апликација:


    Технички карактеристики (ПДФ)
     
    DrayTek Vigor 2710 ADSL2+ router  

    Можности:

  • Вграден ADSL2+ модем
  • Вграден 4 портен свич
  • Вградена Firewall функција со контрола на пристап
  • УСБ порта за принтер / диск / 3Г модем
  • ВПН можности (2 ВПН тунели)
  • Бежична мрежа draft 802.11n (модел 2710n)
  • Интернет телефонија (SIP) (модел 2710V)
  • TR-069 систем за менаџмент за ISP
  • Интерфејси:

  • 4 x 10/100 RJ45 LAN
  • 1 x RJ11 ADSL
  • 1 x RJ11 Line
  • 2 x RJ11 Phone (FHS)
  • 1 x USB


  • Можности за апликација:


    Технички карактеристики (ПДФ)
     
     

    Мµ Hotspot - Комплетно решение за јавен интернет хотспот

    Пристапот на интернет на јавни места претставува предизвик на 21 век. Мобилноста на луѓето налага интернетот да биде достапен насекаде. Сите кафулиња, ресторани, хотели, клубови и слични јавни објекти се места каде што интернет пристапот ги прави посебни, ин, посетувани. Нашето решение за јавен хотспот овозможува постојната интернет врска во Вашиот објект (АДСЛ, кабелски, Wireless, изнајмена линија) да ја направите достапна на Вашите посетители, деловни партнери, пријатели.

    Едноставното решение овозможува целосна контрола кон пристапот на интернет, со можност за печатење на тикети кои имаат ограничување временско и/или ограничување според количината на направен трансфер на податоци. Дополнителна можност е целосното прилагодување на почетната страница која се прикажува кај секој корисник, со што се овозможени дополнителни маркетинг елементи.

    За да можете да го користите овој продукт потребно е да поседувате рутер од листата на компатибилни рутери, а доколку сеуште немате набавено рутер Ви стоиме на располагање истото да го направите во комплет по пониски цени, или ќе ви дадеме на користење рутер за цело време додека го користите овој продукт.



    Цена за користење на хотспот услуга: 2000 ден + 18% ДДВ месечно
    Корисникот е должен да обезбеди рутер на кој ќе биде инсталиран софтверот за хотспот. Доколку корисникот не поседува компатибилен рутер истиот може да го купи по повластени цени или пак да го земе на користење за цело траење на договорот.
    Листа на компатибилни рутери:
    Модел Куповна цена Цена за месечно користење
    Linksys WRT54GL 4000 ден + 18% ДДВ 400 ден + 18% ДДВ
    Asus WL-500G Premium 4580 ден + 18% ДДВ 500 ден + 18% ДДВ
    Buffalo WHR-HP-G54DD / /
    За плаќање на годишно ниво одобруваме попуст 10%

    N-WEB - хостирани веб сервиси за содржина

    Развојот на интернет технологиите предизвикуваат постојано барање на нови иновативни решенија за пласирање на најновите информации до верните посетители. Трендот популарно наречен „Web 2.0“ предизвика вистинска манија кон т.н. интерактивни содржини кои овозможуваат зголемување на посетеноста на Вашата веб страна.

    За таа цел, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ ја создаде групата на производи популарно наречена „N-WEB“ која со помош на модерните веб технологии овозможува најновите информации секогаш да се на располагање на Вас и Вашите посетители. N-WEB се состои од следниве компоненти:


    N-WEB STATS - систем за анализа на посетеност на веб страна, со можност за правење извештаи за бројот и видот на посетителите, нивните сурферски навики, следење на популарноста на одредени содржини или популарноста на целата страна како целина.

    N-WEB POLL - систем за спроведување на анонимни анкети за Вашите посетители, со можност за бирање на Ваши предефинирани одговори на прашањата кои сметате дека во моментот се актуелни за Вас и Вашите посетители.

    N-WEB METEO - систем за превземање на моменталните метеоролошки услови за сите поголеми градови во Република Македонија. Податоците се однесуваат на моменталните временски услови презентирани визуелно и нумерички во форма на температура на воздухот, брзина на ветер и релативна влажност на воздухот.

    N-WEB SEARCH - систем за пребарување на македонскиот интернет простор, со посебна опција да врши пребарување само на Вашата страна.


    N-WEB MAILMAN - систем за организација на електронски весник т.н. „newsletter“ кој овозможува корисниците да ги оставаaт своите податоци за оние теми за кои се заинтересирани, за да потоа Вие им презентирате новости по потреба или на определен временски интервал.

    При дизајнирањето на производите е водено посебно внимание околу едноставноста на имплементацијата на содржините без посебно предзнаење на програмски јазици или ХТМЛ јазик. Интеграцијата се врши преку едноставно копирање на едноставен код кој веднаш работи на Вашата страна. Превземањето на податоците се врши преку N-WEB серверот со кој што се добива максимален квалитет и брзина на производите.



    Цени на N-WEB компоненти
    N-WEB STATS600 ден + 18% ДДВ / годишно
    N-WEB SEARCH600 ден + 18% ДДВ / годишно
    N-WEB METEO1200 ден + 18% ДДВ / годишно
    N-WEB POLL1200 ден + 18% ДДВ / годишно
    N-WEB MAILMAN3500 ден + 18% ДДВ / годишно
    Попуст доколку се користат повеќе компоненти заедно
    5 компоненти20% попуст
    4 компоненти15% попуст
    3 компоненти10% попуст
    2 компоненти5% попуст

    VOIP-BILL - Комплетно ВОИП решение за Интернет Провајдери

    VOIP технологијата се повеќе го освојува светот. Станува збор за технологија која овозможува брзо и динамично пренесување на говор преку веќе постоечките мрежи, без разлика дали станува збор за мрежа во рамките на компанијата или големата интернет мрежа. Посебен интерес за Интернет провајдерите е можноста да се примени ВОИП технологија во давањето на говорни услуги на постојните корисници. Нашето иновативно решение за ВОИП услуги овозможува целосна контрола на сите аспекти на услугата, со посебен акцент на едноставноста на менаџментските функции и опции. Ова ВОИП решение овозможува ИСП провајдерот да понуди различни видови на тарифни планови, промоции, при-пејд и пост-пејд услуги преку еден целосен систем лесен за инсталација, одржување, надградба и користење. Доколку сте заинтересирани за нашето ВОИП решение - Ве молиме да не контактирате за да Ви направиме презентација.


    Кон врвот