IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..


Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

АЕК – Прва јавна расправа

На покана на Aгенцијата за електронски комуникации, менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на првата јавна расправа која се одржа на 14 – 15 Мај 2009 во Холидеј Ин – сала Милениум.

АЕК овие состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзиното работење, стратегиите, плановите и насоките на развој на нејзиното делување. Од непроценливо значење е размената на идеи, сознанија, барања и гледишта за унапредување на работата на АЕК и воопшто на взаемната соработка, од сите субјекти на пазарот за електронски комуникации.